Фернандо Торес покажа како ги направи неверојатните мускули

Од:

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Ливерпул, Фернандо Торес минатата година изненади многу фанови откако се појавија фотографии во кои се забележува дека има набиено фантастични мускули, и Шпанецот сега првпат на Инстаграм објави дел од неговата напорна програма во теретана.

38-годишниот Торес работи на различни машини, на кои убаво се гледаат неговите огромни бицепси, кои ги направи по крајот на фудбалската кариера пред три години.

Тој во моментов работи како тренер на У-19 тимот на Атлетико Мадрид. Во својата кариера тој имаше 262 гола во 767 настапи за своите клубови, а за Шпанија имаше 38 гола во 106 меча за Шпанија, со која го освои Светското првенство во 2010 и две Европски првенства.

Би можело да ве интересира

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Атлетико прави рокада на позицијата лев бек

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Горан Наумовски

Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?