Двојниот шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо имал улога и во еден друг „интересен“ настан во каталонската престолнина, освен тоа за што е дојден.
Алонсо го нападнал папарацо фоторепортерот Жорди Мартин, кој сакал да го сними при излегувањето од хотелот во кој е сместен. Ова очигледно не му се допаднало на Шпанецот, кој му го уништил фотоапаратот вреден 6 000 евра.
„Вакви работи се случуваат само во Шпанија. Го пријавив Фернандо Алонсо во полиција, а имам и докази дека бев нападнат. Ова е срамно“, напишал меѓу другото Мартин на „Твитер“.
Инаку, денеска на програмата од 14 часот на „Каталуња“ ќе се вози шпанското Формула 1 гран-при, на кое прв ќе стартува Нико Розберг.