Повеќекратниот англиски шампион Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 25 милиони евра за Роберт Левандовски, фудбалер на германскиот првак Борусија Дортмунд.
Договорот на Левандовски со Борусија е со времетраење до 2014 година, а неговата годишна плата е 2,5 милиони евра. Доколку деновиве се потпише најавуваниот договор, Левандовски во Манчестер би дебитирал на почетокот на сезоната 2013/14.
Иако во повеќе наврати англиските медиуми јавуваа за преселба на полскиот голгетер на „Олд Трафорд“, според денешните пишување во германските медиуми, веројатноста дека Левадовски ќе ги засили „црвените ѓаволи“ е најголема досега.
Голем интерес за ангажирање на 24-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд покажа и италијанскиот шампион Јувентус, но сепак тој се одлучил за Манчестер Јунајтед.
Во својата кариера Роберт Левандовски пред да игра за Борусија настапувал за неколку полски клубови меѓу кои и Легија од Варшава и Лех од Познањ.