Фергусон најавува можно повлекување, поради судијата Чакир!

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон признава дека одлуката на судијата Чакир да му покаже црвен картон на Нани, го тера да ја преиспита својата одлука за останување на кормилото на Јунајтед.

Исклучувањето на Нани ја подели фудбалската јавност на две страни. Една го оправдува Чакир, а другата е силно на страната на Нани. Како и да е, таквата одлука директно влијаеше на текот на мечот, а Фергусон гневен не се појави на пресот по мечот, и забрани било кој фудбалер да го стори истото.

„Тешко е да се оддржи вербата во фудбалот по ова. Бевме екстра добри до тој момент, навистина не верувам дека Реал ќе успееше да не елиминира да не се случеше тоа. Навистина сум скршен, по сите неправди кои се случија во последно време“ – рекол Ферги.

„Ова е веќе трети пат да сме елиминирани од ЛШ по судиска грешка. Но, сега е се готово, а јас навистина незнам на каде да се свртам. Едноставно за мене во овој момент, мотивација нема“ – додал Фергусон.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска