Манчестер Јунајтед ќе се бори со француски ПСЖ за во своите редови да го врати Кристијано Роналдо.
Од ПСЖ веќе контактирале со првите луѓе на Реал Мадрид на кои им понудиле „значителна сума“ пари за 28-годишнито Роналдо, што беше јасен сигнал за челниците на Јунајтед дека доколку сакаат да го видат Роналдо во своите редови, мора да реагираат веднаш.
Манчестер е подготвен да плати 80 милиони евра за Португалецот, плус да даде уште еден играч, најверојатно Нани.
Сега, кога во приказната влезе и ПСЖ, работите се изменети, затоа што францускиот клуб има богати сопственици од Катар, каде „парите не се проблем“. Наводно, ПСЖ за Роналдо веќе излегол со понуда од 100 милиони евра.
Од Манчестер се надеваат дека конечната одлука на Роналдо сепак нема да биде базирана исклучително на парите.