Месут Озил повторно е во радарот на Манчестер Јунајтед, информираат медиумите во Англија.
Плејмејкерот размислува за иднината во Реал Мадрид, пишуваат во Шпанија, и тој факт го привлече вниманието на “црвените ѓаволи”.
Сер Алекс Фергусон имаше интерес за Озил пред германскиот репрезентативец да премине во Реал Мадрид пред две години.
Поранешниот фудбалер на Вердер Бремен веќе не е прв избор на Жозе Мурињо по привлекувањето на Лука Модриќ на “Бернабеу”.
Во исто време, Фергусон бара наследник на 38-годишниот Пол Сколс, кој најверојатно ќе стави крај на кариерата на крајот на сезоната, пишува уште Sun.