Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон одлучи да му ја исполни желбата на најбрзиот човек на планетата Усаин Бoлт и тој да го облече дресот на славниот клуб од „Олд Трафорд“.
Болт ќе добие шанса на хуманитарниот меч меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кој се организира секоја година со учество на легенди од двата клуба.
„Болт е голем навивач на Јунајтед. Интересно е што сака да игра на натпревар од хуманитарен карактер. Одлична прилика да видиме како се снаоѓа и што знае е следната година, кога играме против легендите на Реал“, изјави Фергусон.
Болт не крие дека е голем фан на Јунајтед. Во текот на Олимписките игри во Лонон порача дека би сакал да го облече дресот на „црвените ѓаволи“, а неодамна присуствуваше на мечот против Фулам, кога од клубот доби дрес со бројот 9,63, што претставува негово време на трката на 100 метри во Лондон.