Ференчина нов тренер на ФК „Шкендија“

Од:

Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово денеска го претстави Хрватот Рои Ференчина како нов шеф на стручниот штаб на клубот. Ференчина рече дека очекува квалитетни натпревари со неговиот нов клуб во Лига Европа.

– Многу ми е мило што дојдов во ваква фудбалска средина за каде слушнав убави зборови. Моите пријатлеи од Загреб ми кажуваа за вашиот клуб и ми е мило што управата ми ја даде довербата. Шкендија има амбиција да оди напред, до самиот врв и тоа ме мотивираше да ја прифатама функцијата шеф на стручнот штаб. Од Шкендија сакам да направа тим кој ќе има победнички менталитет, кој ќе ги остваруваз ацртаните цели на раководството на клубот, изјави Ференчина.

Тетовскиот клуб со новиот тренер има потпишано договор за една година. Според претседателот на ФК Шкендија Јетмир Беџети станува збор за квалитетен тренер кој ги исполнува критериумите определени од раководството и сопствениците на клубот.

– Раководството на клубот е по потрага на нови засилувања. Нивната бројка нема да биде голема. Тимот ќе се пополни таму каде што има потреба. Шкендија не крие ништо и кога евентуалните договори со новите засилувања ќе бидат потпишани тогаш и ќе се претстават новите заслуваења на клубот, рече Беџети.

Од понеделеник ФК Шкендија ќе започне со првата фаза на подготовки за престојната сезона на Лига Европа каде се пласираа со осовоеното четврто место во домашниот шампионат.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска