Против одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунјтед, Рио Фердинанд нема да биде покрената дисциплинска постапка и покрај најавите за такво нешто, соопшти денеска УЕФА.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) првично најави дека ќе има истрага за случајот на Фердинанд на натпреварот со Реал Мадрид.
Фудбалерот на Манчестер по завршувањето на реваншот од осминафиналето со „кралскиот клуб“ саркастично в лице му аплаудираше на главниот судија Чакир.
Фердинанд сметаше дека турскиот судија поради исклучувањето на неговиот соиграч Нани е главниот виновник за поразот на премиерлигашот и за елиминацијата од Лигата на шампионите.