Ферари му понудил договор за наредната сезона на Финецот Кими Раиконен, со подобри услови од Ред Бул, пишува германскиот весник “Билд”.
Финецот е последниот светски шампион со тимот на Ферари. Тој ја освои тиулата со италијанскиот тим во 2007 година, период од кога Ферари нема освоено титула во најбрзиот цирцус на денешницата.
Кими Раиконен беше заменет со Фернандо Алонсо во 2010 година. Кими си замина од Формула 1 и две години возеше рели, а минатата година се врати и возеше за сегашниот тим Лотус.