„Ферари мора да има доволно брз болид за победа на Американското ГП во Тексас следниот викенд доколку сака да ги задржи шансите за титулата на Фернандо Алонсо“, признава претседателот на тимот, Лука ди Монтеѕемоло
Алонсо ја намали предноста на двократниот актуелен шампион Себастијан Фетел во Ред Бул на 10 поени со второто место во Абу Даби во неделата, но ова беше крајно разочарувачки ако се знае дека Фетел стартуваше како последен откако беше исфрлен од квалификациите.