Директор на Ферари, Серџо Макрионе изјави дека „не очекуваат чуда“ на првата трка од сезоната во шампионатот во Формула 1 и покрај одличните резултати од тестирањето.
Нивните возачи Себастијан Фетел и Кими Раиконен беа најбрзи во три од четирите тестови во шпански Херез.
– Охрабрувачки делуваат резултати на новото возило, но не и исто да имаш најбрз круг и да се победи на трка. Верувам во овие момци. Ќе видиме како ќе биде во Австралија. Не очекувам чуда, но се надевам дека напредокот ќе биде видлив, истакна Маркионе.
Стартот на сезоната во Ф1 е на 15 март за кога е закажана трката во Мелбурн.
Минатата сезона, италијанскиот тим не забележа ниту еден триумф во Формула 1.