Ферари призна колку долго ќе им треба за да ги стигнат Мерцедес

Тимот на Ферари е свесен за проблемите на болидот СФ90 за 2019 година и работи под полна пареа да ги елиминира. Шефот на тимот, Матија Биното дури прецизира колку време и подобрувања ќе се потребни на „Скудерија“ да го стигне темпото, кое Мерцедес го оддржува без никакви проблеми од почетокот на шампионатот.

Луис Хамилтон и клубскиот колега во германскиот тим, Валтери Ботас ги освоија сите седум натпревари при сооднос 5:2 во корист на Британецот, кој е и лидер во генералниот пласман кај пилотите со 60 поени предност пред третиот Фетел.

– Пред нас има голем предизвик и ние сме подготвени да работиме напорно за да го постигнеме. Мораме да го промениме концептот на нашиот болид. Тоа значи генерирање на многу повеќе аеродинамичен потисок. Таква промена сепак не може да се постигне од денес за утре. Овој процес ќе потрае неколку недели и два или три стадиуми на развој во аеродинамичниот пакет, откри Биното.

Тој додаде дека дури тогаш „црните коњчиња“ ќе може да бидат конкурентни на „сребрените стрели“ на секоја патека до финалето на шампионатот.

Би можело да ве интересира

Шефот на Ферари: Фетел е среќен и мотивиран во Ферари

Хонда се изненадени од својот напредок

Прост: Грешките на Фетел можеби се должат од недостаток на мотивација

Биното се повлекува како технички директор на Ферари

Ред Бул ги урна сите брзински рекорди на Ф1 трката во Силверстон

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

Ана Ололовска