Возачот на тимот на Ферари во Формула 1, Кими Раиконен, денеска беше најбрз на тестовите на патеката „Каталуња“, додека возачот на Мерцедес и светски шампион, Луис Хамилтон, поради болест мораше да ги прекине тестирањата, пренесува „Спорт клуб“.
Како што соопштиле од тимот на Мерцедес, Хамилтон на патеката минал помалку од два часа и извозел само 11 круга пред да ја напушти патеката поради болест.
„Луис Хамилтон не се чувствува добро и денеска не може да ги продолжи тестовите“, наведе германската екипа во официјалното соопштение за јавноста, објавено на нејзиниот официјален твитер-профил.
Тимот на Ферари продолжува со добрите резултати на тестирањата, пред почетокот на новата сезона, откако беше најбрз и на претходните тестирања во Херез.
Извор: Мета