Ферари ја затвори вратата пред Макс Верстапен. На официјалниот настан во Маранело по повод крајот на сезоната, тимскиот шеф Матијас Биното и извршниот директор на компанијата, Луис Камилери, потврдија дека местото на Себастијан Фетел би можело да биде испразнето во 2021 година.
Се разговара само за името на Луис Хамилтон – рече Биното, додека Алонсо нема да се врати во црвениот кокпит.
– Разговаравме за него (Алонсо), но тој повеќе не е дел од нашите планови. Што се однесува до Верстапен, Камилери сепак е лут на младиот Холанѓанец поради обвинувањата дека Ферари мами. Вакви испади по правило на помагаат да стигнеш премногу далеку, изјави Биното.