Се почестите шпекулации за можно исфрлање на трката за Големата награда на Италија резултираа со жестоки реакции кај италијанските навивачи и политичари на кои овој спорт им е омилен.
Роберто Марони, претседателот на регијата Ломбардија во која се наоѓа Монца, упати низа критики до првиот човек на Ф1 Берни Еклстоун.
– Берни мисли дека е господар на светот. Тој не смее на своја рака да ја елиминира Монца. Таква одлука без консултација со одговорните лица на трката и пошироко, со навивачите за кои се одржуваат трките, не може да се донесе. Ако ја исфрли Монца, постои само една вистинска реакција – повлекување на Ферари од Формула 1, изјави Марони.
Тој се понуди да помогне се што е во негова моќ доколку постојат недоразбирања околу трката во Монца.