Претседателот во заминување на Формула 1 тимот Ферари денеска потврди дека Фернандо Алонсо од следната сезона нема да вози за овој клуб.
Според информациите од Ферари, Алонсо барал раскин на договорот со клубот уште минатото лето со образложение дека Ферари не е во можност да му обезбеди конкурентен болид во борба за шампионскиот трофеј.
Се шпекулира дека 33-годишниот Алосно кариерата ќе ја продолжи во Мекларен.
Шпанецот за Ферари вози од 2010 година. Во Генералниот пласман од Шампионатот во Ф1 три од претходните четири сезони ги заврши на 2. место веднаш зад Фетел.
Токму Себастијан Фетел ќе го замени Алонсо во болидот со „црното коњче“.