Ферари: Фетел ќе се врати посилен по одземената победа во Канада

Од:

Шефот на Ферари, Матија Биното изјавидекалидерот на тимот Себастијан Фетел ќе се врати посилен по случката во Гран При на Канада. Четирикратниот светски шампион заврши прв, но победата му беше доделена на вториот Луис Хамилтон од Мерцедес. Причината беше казна од додадени пет секунди на крајното време на Себастијан по завршувањето на трката од судиите поради опасно враќање на патеката токму пред Хамилтон.

– Откако ги разгледавме снимките и ги споредивме податоците од болидот, според нас, Себастијан не направи ништо недозволено. Сметаме дека тоа е така, бидејќи откако допушти грешка и помина низ тревата, тој веќе немаше шанса да се врати на друг начин на патеката, ја прокоментира Биното случката во Монтреал.

Според него, невозможно било Германецот да ја намали брзината додека се наоѓал во тревата и да ја промени својата траекторија.

– Единствената негова цел во овој момент беше да го совлада болидот, без да се изврти. Сите во тимот веруваат во него и познавајќи го, очекуваме тој да се врати посилен по одземената победа во Канада, заклучува шефот на „црните коњчиња“.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он