Возачот на Вилијамс Фелипе Маса објави дека на крајот од сезоната ќе се повлече од формула 1. Оваа вест ја пренсе британски ББЦ. Бразилецот на досега извозените 242 трки има 11 победи, а во 42 наврати беше на подиумот и има 16 пол позиции.
35-годишниот Бразилец остана без шампионска титула откако на трката за ГН на Бразил победи, но не стана светски првак бидејќи Луис Хамилтон во последниот круг го мина Тим Глок и го освои петото место и титулата светски првак.
– Горд сум на мојата кариера, иако за еден поен не станав светски првак. Морате да бидете силен за да донесете тешки одлуки, изјави Маса.
Во 2009 година на квалификациите за ГН на Унгарија по судар со друг болид му беше извршена операција, а откако излезе од кома успеа да се опорави.
Маса во својата кариера почна како возач на Заубер во 2002 година, во Ферари прејде во 2006 година (каде и победи на 11 трки) и дел од Вилијамс е од 2014 година. Неговата последна трка треба да биде во Абу Даби и тоа ќе биде вкупно 250.та трка.