Фарах ја одбрани светската титула

Од:

Британскиот атлетичар Мохамед Фарах ја одбрани светската титула во трката на 10.000 метри на Светското првенство што се одржува во пекинг. Тој патеката ја истрча за 27:01.13 минути и зад себе ги остави атлетичарите од Кенија Џефри Кипсанг Камворор (втор) и Пол Таниу (трет).

Ова е вкупно шесто злато за Фарах од големите натпреварувања по ред, на 5 и 10 илјади метри.

Во втортата дисциплина во која попалднево се делеа медали во фрлање ѓуле кај жените победи Германката Кристина Шваниц, која имаше должина од 20:37 метри или за седум сантиметри подобро фрлање од домашната натпреварувачка Лијиао Гонг од Кина. Бронзениот медал го освои Мишел Картер.

Во првата денешна дисциплина во машкиот маратон победи Гебреселасие од Еритреја.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди