Поранешната ѕвезда на Арсенал, а сега фудбалер на Челзи, Францеск Фабрегас, навести за идно можно враќање на „Емирати“.
Триесет и едногодишниот Шпанец има понуди од целиот свет, бидејќи во текот на летото станува слободен играч и ќе го засили без надомест идниот тим.
Фабрегас играше за „топџиите“ помеѓу 2003 и 2011 година, а на прашањето за тоа дали тој повторно би играл таму, одговори потврдно.
– Арсенал е во моето срце и никогаш нема да заборавам што ми даде клубот. Па зошто да не станам повторно дел од Арсенал. Нема ништо невозможно. Се чувствувам одлично и уште сум во форма. Одиграв над 700 натпревари, но се чувствувам млад, рече Фабрегас.