Голманот Лукаш Фабијански го напушти Арсенал и потпиша за Свонси по истекувањето на договорот со клубот од Лондон.
Дваесет и деветгодишниот Фабијански потпиша четиригодишен договор со Свонси.
Тој во Арсенал помина седум години и последен пат за клубот бранеше во победата над Хал, во финалето на ФА купот претходно во овој месец.