Фабијански одби продолжување на соработката со Арсенал

Од:

Голманот Лукаш Фабијански одби да го продолжи договорот со лондонски Арсенал, во кој настапува во последните седум години, пренесуваат англиските медиуми.

Актуелниот договор на Фабијански со „Топџиите“ истекува на крајот на следниот месец, а за полскиот чувар на мрежата интерес веќе пројавија германските клубови, Шалке и Борусија Дортмунд, како и неколку клубови од Премиер лигата.

Раководството на Арсенал во последните десетина дена во повеќе наврати му испрати понуди, но 29 годишниот Полјак ги одбил.

Арсен Аенгер менаџерот на Арсенал, сака да го задржи Фабијански на „Емирати“ како би ја засилил конкуренцијата на голманската позиција на која го има и Војчек Шчешниј. 

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска