Ф1 тимот на Мерцедес до лето нема да им ги продолжи договорите на своите возачи

Од:

Директор на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека пред летото нема да преговара со возачите за нови договори.

Тоа пред се важи за Нико Розберг кому на крајот од 2016 година му истекува актуелниот договор.

Волф ги предупреди Розберг и Луис Хамилтон дека може да ги загубат своите работни места, ако со нивното ривалство продолжуваат да му наштетуваат на тимот.

-За продолжувањето на договорот ќе се зборува на почетокот на летото, ќе видиме што до тогаш ќе се случи. Постојат одредени клаузули околу договорот на Хамилтон, како и со сите други членови на тимот. На пример, некои се поврзани со однесување кое може да му наштети на компанијата, рече првиот човек на Мерцедес Ф1.

Мерцедес доминираше на минатата сезона, а Хамилтон втора година по ред стана шампион во Формула 1.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он