Во кошаркарскиот Еврокуп синоќа се одиграа првите два натпревара од четвртфиналната фаза по кои предност остварија Баерн Минхен и Тренто.
Баерн Минхен на домашен терен го совлада Галатасарај со 99:89 и во Истанбул на реваншот ќе патува со десет поени.
Двоцифрена предност од десет поени на свој терен обезбеди и Тренто во италијанската пресметка со Армани Милано по победата од 83:73.
Вечер се играат првите натпревари од пресметките меѓу:
Нижњи Новгород – Стразбур и
Зелена Гора – Гран Канарија.