Камерунскиот напаѓач Самуел Ето го напушти премиерлигашот Челзи, соопштија од лондонскиот клуб.
33-годишниот Камерунец го одработи едногодишниот договор со Челзи. Изминатата сезона на 35 натпревари постигна 12 голови.
Поради повреда Ето не играше на Мундијалот во Бразил.
Од Челзи потврдија дека покрај Ето, од „Стемфорд Бриџ“ си одат уште и Ешли Кол и голманот Хиларио.