Етиопскиот атлетичар Габрселасие влегува во политиката

Од:

Етиопскиот атлетичар Хаиле Габрселасие (40) најави дека решил спортот и атлетиката да ги замени со политика.

Негова цел сега не се победите на атлетската патека и рекордите, тука да освои едно парламентарно место на изборите во 2015 година и да стане пратеник.

Габрселасие е двоен олимписки шампион на Игрите во 1996 и 2000 година, како и четирикратен светски шампион на трките од 10.000 метри. За своите големи постигнувања во атлетските натпреварувања тој важи за национален херој во Етиопија.

Неговото откритие дека сака да влезе во етипската политика ги потврдува гласините кои долго време се слушаат околу крајот на неговата спортска кариера, откако тој се поретко трча, а неговото постигнувања не се достојни за угледот што тој го има изградено во изминатите години.

Габрселасие не објави како кандидат на која партија ќе настапи на парламентарните избори.

Владејачката коалиција Етиопски народен револуционерен демократски фронт и нејзините партии-сателити ги држат сите места во Парламентот во Адис Абеба, освен едно кое и припаѓа на опозицијата.

– Сакам мојата земја да тргне напред, па затоа сакам да помогнам на тој пат, изјави Хаиле Габрселасие.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди