Ешли Кол: Челзи не е дел од моите следни опции

Од:

По осум години минати на „Стенфорд Бриџ“ левиот бек Ешли Кол го напушта тимот на Челзи.

„Разговарав со својот агент за следните опции. За жал, се чини дека Челзи нема да биде една од нив“, напишал на својот „Твитер“ профил Ешли Кол, а пренесуваат англиските медиуми.

Кол како образложение за напуштањето на Челзи го искажал „желбата за нови предизвици во животот“.

Договорот на Кол со Челзи истекува летово, а најверојатно управата на клубот нема да му понуди нов договор.

Пред десет дена Кол објави и повлекување од репрезентацијата на Англија откако селекторот Рој Хоџсон го изостави од поширокиот список на играчи за Светското првенство во Бразил.

Инаку, Ешли Кол на „Стенфорд Бриџ“ дојде од градскиот ривал Арсенал, летото 2006 година, а за „сините„ одигра 338 натпревари и постигна седум голови.

Со Челзи, Ешлил Кол освои шампионски трофеи во Премиер Лигата, Лигата на шампиони, како четири трофеи во ФА Купот, односно по еден во Лига купот на Англија и Супер купот (Комјунити Шилд).

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска