Ернест Ѓока од Албанија нов шеф на стручниот штаб на ФК Шкендија

Од:

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија од Тетово објави дека од денес нов шеф на стручниот штаб е Ернест Ѓока. Тој е 49 годишен фудбалски тренер од Тирана, Албанија, а денес по потпишувањето на договорот ја одржа и првата средба со фудбалерите.

– Мислам дека дојдов Шкендија, што е, пред сè, професионален клуб и многу внимателно конструиран клуб. Првите впечатоци ми се многу добри и мислам и се надевам дека ќе ги имам овие впечатоци што ги имам денес цело време додека работам овде. Подготвен сум за овој предизвик, да се биде шампион, да се оди во Лигата на Европа, и зошто не и Лигата на шампионите, изјави новиот тренер.

Ѓока е еден од тренерите кој во последните години освоил трофеи во Албанија, и тоа две шампионски и една Куп титула со Кукс. Има работено како тренер за Влазнија од Скадар,Камза, Фљамуртари од Валона, Томори и Аполонија.

Шкендија му се заблагодари на досегашниот тренер Ерхан Селими, за неговиот придонес и позитивните резултати за време на неговиот мандат, посакувајќи му и понатаму успех како шеф на фудбалската школа.

Би можело да ве интересира

Борче Христов нов тренер на Работнички

Ана Ололовска

Ѓорѓиевски: Се надевам дека ќе ја продолжам голгетерската серија

Ана Ололовска

Влахо поднесе оставка од тренерската функција во Работнички

Ана Ололовска

ПМФЛ: Капинковски ја напушти клупата на Пелистер

Ана Ололовска

ПМФЛ: Работнички ја прекина серијата без победа

Ана Ололовска

ПМФЛ: Попладнево пет прволигашки натпревари

Ана Ололовска