(ВИДЕО) Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар

Од:

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во интервју за локалната телевизија DR1 TV ексклузивно проговори за најтешките моменти во својата кариера, изнесувајќи досега непознати детали, но и желба да се врати во репрезентацијата и да настапи на Мундијалот 2022 во Катар.

Ериксен, кој во интервјуто за данската телевизија рече дека бил мртов пет минути, последен пат се појави на фудбалскиот терен на 12 јуни кога претрпе срцев застој во финишот на дуелот против Финска во Копенхаген на ЕУРО22.

Сега данскиот фудбалер е во потрага по нов клуб, а голема желба му е да се врати во репрезентацијата и да настапи на Светското првенство.

– Мојата цел е да играм на Мундијалот во Катар. Сакам да играм, тоа е мојот начин на размислување цело време. Тоа е цел, сон. Дали ќе бидам избран е друга работа. Но, мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам, бидејќи се чувствувам подобро. Физички сум во врвна форма, изјави Ериксен.

Би можело да ве интересира

Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед

Горан Наумовски

Ериксен излезе од болница, една недела откако „го остави срцето“ на теренот

Жарко Настоски

На Ериксен поткожно ќе му биде вграден срцев дефибрилатор

Ана Ололовска

Нашите му посакаа брзо закрепнување на Ериксен, поздравот го прати капитенот Пандев

Жарко Настоски

Ериксен се огласи од болница: Добро сум, колку што е можно со оглед на околностите

Ана Ололовска

Ериксен утре излегува од болница и сака да го гледа мечот Белгија – Данска

Катерина Ѓуровски