За сума од 36 милиони евра Манчестер Јунајтед следната сезона во своите редови ќе го има Андер Ерера, јавија англиските медиуми.
Раководството од „Олд Трафорд“ уште ланската година го бараше фудбалерот на Атлетик Билбао, но тогаш двата клуба не постигнаа договор околу откупната клаузула.
24-годишниот Ерера кариерата ја почна во Реал Сарагоса, за во 2011 да помине во Атлетик Билбао. За Баскијците одиграл 94 натпревари и постигна, седум погодоци.
Ерера има и 30 репрезентативни настапи за шпанските селекции У-20, У-21 и У-23.
Минатата сезона тој беше еден од најдобрите играчи на Атлетик кој обезбеди учество во квалификациите за Лигата на шампионите, за разлика од Манчестер кој нема да игра во евро-куповите.