Капачките гаќи што ги носат пливачите, ватерполистите и скокачите во вода традиционално се минијатурни, но досега тоа никому не претставуваше проблем, се додека американската телевизија Ен-Би-Си не ги цензуираше учесниците во овие спортови на Олимписките игри во Рио.
Имено, во текот на преносот од скоковите во вода Ен-Би-Си цело време на долниот дел на екранот држеше кајрон со имињата и резултатите на натпреварувачите, така што гледачите многу брзо забележаа дека на спротистите цело време им е добро покриена „незгодната“ зона.
Некои американски медиуми наведуваат дека ова не е прв случај и дека телевизијата истото го правела и за време на Олимписките игри во Лондон.
По ова се огласија и корисниците на Твитер, при што некои коментираа дека одредени кадри од пливачките спортови „повеќе потсетуваат на порно, отколку на Олимпијада“, па така овие натперварувачи го добија непријатниот перкар „порно-олимпијци“.