Елиминиран шампионот на УС Опен, Кирјос го надигра Медведев

Од:

Актуелниот шампион на Ју-ес опен, Данил Медведев, не успеа да се пласира во четврт-финалето на последниот Грен слем. Светскиот број еден доживеа елиминација од Ник Кирјос.

Австралиецот, Кирјос по 176 минути игра, го победи Медведев со 3:1, по сетови 7:6 (11), 3:6, 6:3, 6:2. Кирјос и овој дуел го одигра фантастично и исто како неодамна на Мастерсот во Монтреал, забележа победа над рускиот тенисер.

Медведев не можеше да го задржи ритамот на мечот кој го посакуваше, Ник одлично сервираше, одигра агресивно и на крајот сосема заслужено по четврти пат славеше во петтата пресметка со тенисерот од Москва.

Клучен за целиот тек на мечот беше првиот сет, Кирјос тај-брејкот го доби со 13:11, откако Медведев не искорсти три сет топки.

Во вториот, Русинот личеше на себе, експресно дојде до 5:1, а потоа и до израмнување на 1:1.

Сепак во третиот и четвртиот сет на теренот постоеше само еден играч, Кирјос, кој буквално го збриша шампионот од теренот.

Кирjos во четврт-финалето ќе игра против Карен Хачанов.

Би можело да ве интересира

Рускиот тенисер Данил Медведев ја брани титулата на турнирот во Дубаи

Рускиот тенисер Данил Медведев се повлече од турнирот во Доха

Кирјос: Да беше до мене, повеќе немаше да играм тенис

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медведев на „столбот на срамот“ поради средниот прст: Ги проверував ноктите

Уште еден шок во Париз: Испадна и Медведев

Предраг Петровиќ

Австралискиот тенисер Ник Кирjос и официјално отпадна од АТП листата