Експлозијата во близина на трасата за машката трка по велосипедизам на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро била контролирано детонирање на сомнителен предмет, пренесе ТАСС, повикувајќи се на свој дописник од самото место.
На патеката бил пронајден предмет, налик на експлозивна направа. Организаторите повикале деминери и полицијата ја опколи областа. Истрагата продолжува. Засега не е јасно дали навистина станувало збор за експлозивна направа.