Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун во интервјуто за „Daily Mail“ изјави дека тој ќе се пензионира, но „Кога ќе наполнам 100 години, јас дефинитивно ќе одам во пензија“ шеговито одговори тој.
Грижата за негов наследник ќе му ја предаде на неговиот шеф, Доналд Мекензи.
– Тоа е негов проблем. Кога ќе умрам или кога ќе се пензионирам, тешко ќе ми најдат добар наследник. Не знам кој би можел да биде. Искрено, не постои некој кој го мразам толку многу, па да му ја препорачам мојата работа, заклучи Берни.