Еклстоун: Гран при на Германија под знак прашалник

Од:

Годинашната трка во Формула 1 за Големата награда на Германија во Нирнбургринг е под голем знак прашалник, ако се имаат во предвид изјавите на сопственикот на Ф1 Берни Еклстоун.

Иако веќе е предвидено трката да се одржи на 19 јули, можно е и да не се случи поради финансиски проблеми на новиот сопственик.

– Се сретнав со новиот сопственик минатата недела и тој Русин не ми изгледаше премногу заинтересирани да потроши пари, иако е очигледно дека сака трка, истакна Еклстоун.

Новиот мнозински сопственик на Нирнбугринг од октомври е рускиот милијардер Виктор Каритонин, кој своето богатство го заработил во фармацевтската индустрија.

Еклстоун изјави дека повеќе би сакал трката во Германија да се вози во Хокенхајм.

Минатата година на трката за Големата награда на Германија присуствуваа само 52 илјади гледачи, нешто повеќе од претходната година кога во Нирнбургринг беа присутни 45 илјади љубители на Ф1.

– Не знам зошто Германците не се заинтересирани за оваа трка, кога имаат еден таков шампион како што е Фетел, истакна Еклстоун.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он