Сопственикот на Формула 1 Берни Еклстоун планира во календарот на трките од шампионатот да го вклучи Лас Вегас, со што се намалуваат шансите да се случи планираната трка во Њу Џерси.
– Лас Вегас има подготвена патека и е подготвен за трка и за договор. Постојат милион земји и патеки кои сакаат да имаат трка, но едноставно не можат да ги исполнат финансиските услови, изјави Еклстоун.
Тој додаде дека и покрај новите трки нема да се случи календарот да биде пренатрупан.
– Календарот ќе остане на 20 трки, не верувам дека ќе бидат повеќе од овој број. Точно дека ќе го додадеме и Азербејџан, ама на сметка на некоја друга патека која ќе отпадне, истакна Еклстоун.