Екипата на Карпош Соколи вечерва незадоволна од судиските одлуки на судиите од Бугарија на дуелот со Теодо што се играше во СЦ „Борис Трајковски“ го напушти теренот на натпревар од БИБЛ лигата при резултат 60:61 за гостите. Македонскиот прволигаш во текот на целиот натпревар имал забелешки на судењето, а теренот го напушти во 27.минута.
На официјалната интернет страница на БИБЛ натпреварот е веќе регистриран со 0-20 за гостите. Голема е веројатноста дека по овој натпревар македонскиот освојувач на Купот веќе нема да се натпреварува во БИБЛ лигата.
На вториот натпревар од Б групата Куманово го победи Пеќ на домашен терен со 80:76. Најефикасен на дуелот беше Данило Мијатовиќ со 31 поен.
Табела Б група: Куманово 4-1(победи-порази), Теодо 3-2, Пеќ 2-3, Карпош Соколи 1-4.
Вчера во натпревар од А групата Кожув во Гевгелија ја победи Сутјеска со 94:65, а утре се игра дуелот Берое – Фени Индустри.
Табела А група: Берое 4-0 (победи-порази), Кожув 2-3, Сутјеска 2-3, Фени Индустри 1-3.