Екипата „Бранко Ѓуровски“ вторпат го освојува „Влајко куп“

Од:

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на здружението „Влајко проактивни граѓани“ – Скопје, вчеравечер, на терените на спортско рекреативниот центар во населбата Влае, се одиграа финалните натпревари од четвртиот по ред турнир во мал фудбал „Влајко-куп – 2014“.

Во возбудлив спортски меч кој изобилуваше со неизвесност до самиот крај, екипата „Бранко Ѓуровски“ славеше над своите ривали „Лока“ со резултат 3:1, со што го освои годинешниот „Влајко-куп“. Во борба за третото место, екипата „Дар Мар“ славеше над своите соперници „Маркет Кала Мац“ со резултат 4:2.

gurovskoVlajko

Новитет на годинешната спортска манифестација беше менувањето со самолепливи сликички за албумот од Светското фудбалско првенство во Бразил 2014. Имено, љубителите на фудбалот ја искористија оваа можност, коментираа, меѓусебно разменуваа сликички и со нетрпение ги очекуваа финалните натпревари.

За трите најдобро пласирани екипи следуваа пехари и медали, а во рамките на оваа спортска манифестација Бојан Ѓуровски од екипата „Бранко Ѓуровски“ беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Наградата најдобар голман ја понесе Игор Ѓорѓиевски од истата екипа, додека, со постигнати 13 голови, наградата најдобар стрелец на турнирот му припадна на Мартин Дувњак од „Спорт вижн“.

„Влајко-куп“ прераснува во елитна спортска манифестација за што говори учеството на 48 тимови во мал фудбал, што досега претставува рекорден број на пријавени екипи.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска