Една победа го дели Вардар од одбрана на титулата

Од:

Само една победа во последните две кола му е потребна на Вардар за да го одбрани шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига.

Директниот конкурент на „црвено-црните“ за највисок пласман, екипата Турново, во дербито на 31. круг попладнево на домашен терен загуби од Металург и сега заостанува четири бодови зад лидерот.

Металург со оваа победа се доближи на еден бод до денешниот противник и е со теоретски шанси да го достигне и Вардар на првото место.

Постигнати резултати на денешните натпревари од 31.коло во ПМФЛ: Вардар – Напредок 4:0, Хоризонт Турново – Металург 2:4, Работнички – Силекс 3:2, Пелистер – Ренова 1:0, Дрита – Тетекс 2:0 и Брегалница – Шкендија 4:3.

Табела: Вардар 64 бодови, Хоризонт Турново 60, Металург 59, Работнички 50, Шкендија 44, Брегалница 43, Ренова 41, Напредок 37, Дрита 36, Пелистер 34, Силекс 22 и Тетекс 22.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска