Повредата на Мохамед Салах не е тешка, но неизвесно е дали ќе може да игра на 20 октомври кога Ливерпул има дерби со Манчестер јунајтед.
Египќанецот не можеше да го доигра натпреварот со Лестер, го свитка глуждот на ногата, а лекарските прегледи покажаа дека повредата не е многу тешка. Салах сигурно нема да настапи на пријателскиот меч Египет-Боцвана на 14 октомври, што значи дека има две недели за закрепнување, пред следниот натпревар.
Следниот меч е премиерлигашката битка со „црвените ѓаволи“ од Манчестер, натпревар кој популарниот Мо сигурно не сака да го пропушти, но сè зависи од тоа каква ќе биде состојбата на зглобот.