На четвртиот натпреварувачки ден на Олимпијадата во Рио, ќе настапи и третата македонска спортистка, Катерина Николовска.
Македонската џудистка Николовска за која ова е деби на ОИ, ќе се натпреварува во категоријата до 53 килограми. Нејзина противничка во елиминациската рунда ќе биде Бусра Катипоглу од Турција, во борбата која е предвиден за започне од 15 часот по македонско време.
Доколку успее да ја победи Турчинката, Николоска во осминафиналето ќе се бори со Кларис Агбежино од Франција.
Претходно свои настапи имаа Нина Балабан во стрелаштво која дисциплината воздушна пушка од 10 метри го освои 42.место во конкуренција на 51 натпреварувачка, како и пливачката Анастасија Богдановски која во трката на 200 метри слободно иако постави нов државен рекорд на Македонија, на крајот заврши на 33. место во конкуренција на 42 натпреварувачки.