Џордан покрај себе го вклучи и Пипен во најдобрите пет на сите времиња

Од:

Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан ги објави имињата на според него најдобрите пет играчи во историјата на овој спорт. Џордан покрај тоа што се вброи себе си меѓу најдобрите го вклучи и некогашниот соиграч од шампионската генерација на Чикаго булс, Скоти Пипен.

Другите тројца се Меџик Џонсон, Хаким Олајџувон и Џејмс Ворти.

– Ова се момците со кои играв во ист тим и против кои се соочив на теренот. Кога сè е сериозно, тогаш ќе ги изберам оние што ги знам, изјави Џордан.

Ворти и Џонсон беа дел од ЛА лејкерс, додека Олајџувон беше препознатлив симбол за Хјостон рокетс.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите