Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери ја одби понудата на Спартак од Москва, а како причина за оваа одлука се наведува неговата желба повеќе време да минува со семејството.
Тери викендов ги помина медицинските прегледи и требаше да потпише едногодишен договор со рускиот клуб, но работата во последен момент се изјалови.
– Спартак е многу амбициозен клуб и импресиониран сум од нивниот професионализам. Но по разговорите со моето семејство, одлучивме дека тоa во моментов не е најдобар потег зa нас, истакна 37-годишниот фудбалер.
Летово на Тери му истече договорот со Астон Вила и како слободен играч можеше да премине во Спартак.