Заврши престижната велосипедска трка Џиро Д’Италија и тоа со триумф на шпанскиот велосипедист Алберто Контадор кој по втор пат триумфира на Апенините.
Последната етапа од Торино до Милано со должина од 137 километри тој ја заврши во главната група и стана вториот велосипедист по Бернар Ино кој има барем двапати триумфирано на трите големи велосипедски настани – Џиро Д’Италија, Тур де Франс и Вуелта Еспања.
Второто место во генералниот пласман му припадна на италијанскиот велосипедист Фабио Ару, додека на третата позиција заврши Шпанецот Микел Ланда.