„Џевахир Холдинг“ за посилен МЗТ

Од:

Компанијата „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром. На денешната прес-конференција беше соопштено дека двете се обврзаа на едногодишен договор со можност за негово продолжување.

Задоволство од потпишаниот договор искажа Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.

– Со задоволство соопштуваме дека „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на МЗТ Скопје Аеродром. Благодарност до компанијата за општествената одговорност во развојот на спортот воопшто и во развојот на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, изјави Марин.

Сопственикот на турската компанија која гради во Македонија истакна дека со задоволство се нафатил да даде поддршка на клубот.

– Се надевам дека ова соработка ќе продолжи понатака со голем раст на поддршката од наша страна. Очекуваме МЗТ, не само на домашна сцена, туку и во меѓународни рамки да има успеси, рече Џевахир.

Директорот на МЗТ, Тони Грнчаров рече дека со спонзорството од „Џевахир Холдинг“, тимот добива нови стабилни средства кои се потребни за непречено функционирање. Детали за договорот не беа објавени.

– Очекувам успешна соработка и на крај сите заедно да се радуваме на успешни резултати, нагласи Грнчаров.

Тој на сопственикот на компанијата му подари дрес од МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он