Џенингс нов член на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Американецот Милтон Џенингс е ново име во составот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

24-годишниот Џенингс е висок 206 см., игра на позициите крилен центар/центар и треба да преставува засилување под обрачите во тимот на МЗТ Скопје.

Италијанскиот Мобит Ферара е тимот каде што лани настапуваше Џенингс и чиј просек беше 12.5 поени и 7.7 скока по натпревар. Претходно четири години ги бранеше боите на универзитетот Клемсон во НЦАА лигата.

– Милтон Џенингс доаѓа како замена за словенецот Марко Пајиќ кој поради обнова на хронична повреда (дискус хернија) нема да биде во можност да продолжи со подготовките на шампионот и ќе се врати назад во Словенија, соопштија од клубот од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он