Двоен пресврт на „Железарница“ за победа на Металург

Од:

Фудбалерите на Металург го добија дерби натпреварот против Вардар откако поладнево на „Железарница“ во Скопје со двоен пресврт и 3:2 беа поуспешни од „црвен-црните“.

Металург поведе во 42.минута со голот на Марјан Радески и со водство од 1:0 замина на полувреме.
Вардар во вториот дел изедначи преку Остоја Стјепановиќ од пенал во 72.минута, а во 80. минута со голот на Аце Стојков дојде во водство од 2:1. Домаќините преку Марко Симоновски најпрвин во 88.минута изедначија на 2:2, а во 90.минута дојд0а до победата.
На другите натпревари од 21.коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево постигнати се следниве резултати: Напредок – Турново 0:0, Брегалница – Ренова 0:0, Пелистер – Силекс 2:1 и Шкендија – Дрита 2:1.
Вчера Работнички – Тетекс 1:0.
Табела: Вардар 42 бодови, Хоризонт Турново 39, Металург 35, Напредок 35, Шкендија 32, Работнички 30, Брегалница 28, ренова 28, Пелистер 24, Дрита 24, Силекс 18 и Тетекс 13.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска