„Движењето за Заедничка Визија“ го поздравува чекорот на ФФМ

Од:

Невладината организација „Движење за Заедничка Визија“, го поздравува преземениот чекор на Фудбалската Федерација на Македонија – ФФМ, за прекин на вчерашниот натпревар помеѓу Шкендија и Тетекс од Тетово. Овој чекор го оценуваме како храбар потег од страна на раководните лица на ФФМ, со кој се сугерира дека на спортските терени нема да се толерираат меѓуетнички и верски скандирања или било каква неспортска камуфлажа.

„Движењето за Заедничка Визија“, е невладина организација која има нов граѓански и европски пристап, кон меѓуетничките и верските односи во земјата. Според нашето убедување, политичката “Војна“ треба да се одвива на политичките терени а не на спортските, и како така треба да придонесеме за перманентно подобрување на животот на граѓаните и за градење на меѓусебна човечка и хумана доверба.

– Ги повикуваме челниците на ФФМ ваквиот потег да го практикуваат на сите натпревари во шампионатот, без разлика за кој клуб станува збор. На овој начин ке се даде еден голем придонес во смирувањето на меѓуетничките скандирања на спортските терени, и веруваме дека нема да се исплашат и да се повлечат.

– Ги повикуваме и другите спортски федерации да го следат примерот на ФФМ, и да се придружат на овој отворен и храбар потег, против недисциплинираните групи на навивачи кои се полни со навреди, за да се обезбеди еден добар спортски амбиент каде што граѓаните ќе одат релаксирани а не како подготвени за на “фронт“.

– Ние секогаш ќе бидеме на страната на јавноста за добар фудбал, но не и на оние кои што сакаат на еден спортски натпревар да внесат политика или нешто друго кое што не е поврзано со спортот. Вчерашното навивање на двете навивачки групи, не покажува ништо друго, освен отсуство за креативност како да се подржи нивниот омилен клуб, на граѓански и спортски начин“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска