Две странски засилувања во редовите на КК Куманово

Од:

Американецот Фреди Мексвејн и интернационалецот од Босна и Херцеговина, Срѓан Лаловиќ, се двете најнови засилувања во редовите на македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово.

Мексвејн, кој игра на крилните позиции, доаѓа од екипата на Расинг од Луксембург, со просек од 21,1 поени, 12,3 скокови, 3 асистенции и 1,4 украдена топка по натпревар.

Американскиот кошаркар во својата кариера има настапи и во првенствата на Финска и Австрија, како и за неколку универзитетски екипи во НЦАА лигата.

Висок 214 сантиметри, Лаловиќ (22) ќе ја засили центарската позиција на Куманово, а во македонското првенство доаѓа од редовите на АБА-лигашот Игокеа.

Лаловиќ беше на проба во тимот во изминатите три седмици, а веќе одигра еден натпревар во дресот на Куманово во минатото коло против Феникс 2010.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски